Само еден фудбалер дал гол во Лигата на шампионите на три континенти (Видео)

Италијанскиот фудбалер Себастијан Џовинко и покрај големиот талент кој го поседуваше, не успеа да стане ѕвезда во Јувентус, но сега може да се пофали дека е единствениот што постигнал голови во Лигата на шампионите на три различни континенти.

Џовинко во Јуве не ја доби шансата која веројатно ја заслужуваше, но откако си замина од торинскиот клуб, чиј член беше од јули 2006 до февруари 2015 година, тој „процвета“, но не на врвно ниво какво што нуди европската ЛШ или италијанската Серија А. Џовинко за Јуве одигра само 93 меча, често го позајмуваа, пред Алегри да каже дека не му треба.

„Атомската мравка“, како што го викаат фудбалерот висок само 163 сантиметри, имаше неколку брилијантни сезони во американската МЛС, а сега е во Ал-Хилал од Саудиска Арабија, каде што заработува 10 милиони евра по сезона. Вчера Ал-Хилал во азиската Лига на шампиони го победи ирански Естеглал со 1-0, а голот го даде Џовинко.

Со тоа Џовинко стана првиот играч во историјата со голови во ЛШ на три континенти. Во Европа како играч на Јуве, во КОНКАФ зоната на средна Америка како играч на Торонто и сега во Азија.

- Оглас -

Најнови вести