Само еден фудбалер не го почувствувал гневот на Фергусон, а тоа не бил Роналдо

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Патрис Евра, изјави дека Пол Сколс никогаш не го почувствувал гневот на легендарниот менаџер на Црвените ѓаволи, сер Алекс Фергусон.

Фергусон (80) дури 27 години, од 1986 до 2013 година, седеше на клупата на Манчестер јунајтед и ги освои сите можни трофеи што можеа да се освојат.

Според англиските медиуми, еден од рецептите за успех беше тоа што Фергусон постојано тврдел дека никој не е поголем од клубот и во соблекувалната често викал на фудбалерите, но само еден не го почувствувал неговиот гнев.

„Единствен фудбалер кој не го почувствува гневот на Фергусон беше Пол Сколс. Кога ќе се мачевме на теренот, шефот само ќе ни кажеше да му ја дадеме топката на Сколс. Тој беше играчот што ги контролираше играта и темпото, Пол беше срцето на Манчестер јунајтед“, открива Сколс.

Пол Сколс целата кариера, од 1993 до 2011 година ја помина во Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести