Само Меси има дадено повеќе голови од слободен удар од Барди!

Енис Барди вечерва уште еднаш потсети дека е одличен изведувач на слободни удари и погоди на гостувањето кај Валјадолид, во меч од Купот на Шпанија. Нашиот репрезентативец одлично го изведе слободниот удар и погоди за 1:1. Подоцна Леванте стигна до победа од 4:2, а Барди играше до 55-тата минута.

Статистиката покажува дека откако Барди пристигна во шпанскиот фудбал (сезона 2017/18), нашиот репрезентативец е вториот најдобар реализатор од слободни удари. Денешниот гол беше вкупно седми погодок за Барди директно од слободен удар. Во Шпанија единствено Лионел Меси е подобар реализатор од Барди во оваа категорија. Аргентинскиот виртуоз во овој период има постигнато 21 гол од слободен удар. Сите останати фудбалери кои се дел од шпанското првенство се зад Меси и Барди.

 

- Оглас -

Најнови вести