Само на Бока – Ривер може да се доживее ваква атмосфера (Видео+фото)

Навивачите на Бока јуниорс направија неверојатна атмосфера пред почетокот на реванш дуелот против Ривер Плејт во полуфиналето од Копа Либертадорес на стадионот „Бонбонера“. Вакво шоу може да се види само на Супер Класико.

Милиони конфети го прекрија целиот терен на стадионот, а со песна и огномет беше најавен стартот на можеби и најголемото градско дерби во светот.

Иако домаќините имаат феноменална поддршка, по првото полувреме резултатот е 0:0, резултат кој одговара на Ривер, бидејќи тие имаат позитива од 2:0 по првиот меч на кој тие беа домаќини.

 

 

- Оглас -

Најнови вести