8.8 C
Skopje
петок, 5 декември 2025

Само на еден од 12 меча во НБА гостите се како фаворити, речиси 100 играчи за „плус-минус“ понудата

Дури 12 натпревари ќе се играат вечерва во НБА лигата, а интересно е дека квотите велат дека само на една средба, гостите се во улога на фаворити. Денвер нагетс гостуваат кај Атланта хоукс, а за победа на тимот предводен од Никола Јокиќ квотата е 1.48.

Големи фаворити на свој терен се Оклахома која е машинерија за победи и игра против Далас, потоа Хјустон во пресметката со Феникс, како и Њујорк против Јута. Без многу проблеми, пред своите навивачи се очекува да победат и Орландо, Бостон, Торонто, Детроит…

Неверојатно богата е понудата за „плус-минус“ поени на кошаркарите. Дури 97 играчи кои вечерва треба да бидат низ НБА терените се во понудата за тоа колку поени ќе постигнат, што секако е огромен предизвик за сите љубители на најсилната кошаркарска лига во светот.

- Оглас -

Најнови вести