Швеѓанецот Арманд Густав Дуплантис повторно блесна со небески скок со стап на митингот во Стокхолм од Дијамантската лига и постави нов светски рекорд со висина од 6 метри и 16 сантиметри.
Апсолутниот владетел во оваа дисциплина пред својата публика си го подобри рекордот за еден сантиметар, по скокот од 6.15 во март во 2020 година.
MONDO DUPLANTIS 6.16 NEW OUTDOOR WR#DiamondLeague #StockholmDL #Duplantis pic.twitter.com/d6chd9ErgN
— matteo (@matteorchmd) June 30, 2022
Дуплантис е светски рекордер и во сала со скок од 6.20, а сега му се доближи на тој скок со висина од 6.16 на отворен простор.