Драмата околу Винисиус јуниор и доделувањето на Златната топка продолжува. Бразилецот беше голем фаворит за наградата и дури еден ден пред доделувањето прослави со своите најблиски, но потоа следел „кобниот“ повик.
Во понеделникот рано наутро Вини дознал дека наградата нема да му припадне нему, туку на играчот од средниот ред на Манчестер сити, Родри, по што настанал вистински хаос во Мадрид.
Во знак на солидарност со својот играч и верувајќи дека е ограбен во трката за наградата, делегацијата на Реал одби да присуствува во Париз на доделувањето на наградата и одби каква било промоција на Златната топка на официјалните канали на клубот.
Вини е многу разочаран по сето ова. Иако доби многу пораки за поддршка, тие моментно не значат многу за него бидејќи наградата не е во неговите раце.
Обложувалниците, пак, му „додадоа сол на раната“ објавувајќи ги фаворитите за наградата за сезоната 2024/25, при што Винисиус јуниор повторно е прв на листата. Квотата за него е 4.50, а по него следуваат имиња како Ерлинг Халанд со квота 5.50, Килијан Мбапе, Ламин Јамал и Џуд Белингам со повисоки квоти.
Во оваа конкуренција се и напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, кој има одлична сезона, како и Рафиња и Хари Кејн.