Само половина од билетите за навивачите

УЕФА одлучи финалистите Ливерпул и Тотенхем да добијат по 16 613 билети за финалниот меч од Лигата на шампионите во Мадрид на 1 јуни, што е малку помалку од една половина од капацитетот на „Ванда Метрополитано“, кој има 68.000 седишта.

Од Ливерпул веќе објавија дека една петтина од билетите ќе чинат по 60 фунти и тие ќе бидат најефтини. Најмногу, 54 проценти ќе бидат карти со вредност од 154 фунти, 21 процент ќе чинат 385 фунти, а оние со најдлабок џеб, такви ќе има 5 отсто, ќе треба да платат дури по 513 фунти за билет. Освен овие 16.613 влезници, Ливерпул ќе добие и 100 комбинирани билети за возрасен со дете, кои ќе чинат 120 фунти. Клубот ќе добие и 300 билети за пријатели, семејствата и роднини на играчите, како и за вработени во клубот.

Преку лотаријата на УЕФА веќе се продадени 4 000 билети за навивачи низ светот, а билети ќе има и за локалниот организациски комитет, УЕФА, националните асоцијации, спонзорите и корпоративните клиенти.

- Оглас -

Најнови вести