Само реми за Нотингем Форест, кој полека го губи чекорот за пласман во ЛШ (Видео)

Нотингем Форест полека го губи чекорот во трката за Лигата на шампионите откако одигра само 1-1 против Кристал Палас на „Селхерст Парк“. Иако Шумарите имаа блескави моменти оваа сезона, во последните пет кола имаат само една победа, што резултираше со пад на табелата и губење на позицијата која води во ЛШ.

Кристал Палас поведе преку Езе од пенал во 60-тата минута, но само четири минути подоцна, Муриљо израмни. Иако домаќините постигнаа гол во судиското надополнување преку Еди Нкетија, тој беше поништен поради офсајд.

Нотингем сега ќе се обиде да се врати на победничките патеки против веќе испаднатиот Лестер во следното коло, а ќе се надева на реми во директниот дуел меѓу Њукасл и Челзи, кои му се ривали во трката за местата што водат во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести