Само се потпрел на ѕидот и починал: Не издржало срцето на Оџо кој неодамна прележал и Коронавирус

Кошаркарскиот свет денеска беше шокиран по веста дека ненадејно почина некогашниот играч на Црвена ѕвезда, Мајкл Оџо. Нигериецот кој беше висок 216 сантиметри почина од срцев удар, додека има индивидуален тренинг на стадионот на Партизан.

Оџо во последните две сезони беше дел од Црвено-белите, а летово остана без клуб, па самостојно тренираше и очекуваше понуда за нов договор. Според пишувањата на српските медиуми, Охо бил во кошаркарската сала, кога ненадејно му се слошило. Се потпрел на ѕидот и паднал. За брзо време пристигнале лекарите и тргнале со Оџо кон болница, но на пат кон болница починал 27-годишниот кошаркар.

Оџо беше еден од милениците на навивачите на Црвена ѕвезда, а сите го знаат како добар човек кој постојано бил насмеан. Кошаркарот неодамна имал Коронавирус, но подоцна било потврдено дека успешно го поминал опасниот вирус и добил дозвола за тренинзи. За жал, неговиот последен тренинг беше денеска, а неговото срце не издржа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести