Само со ВАР може да се досуди ваков офсајд (фото)

Лука Јовиќ, младиот напаѓач на Реал Мадрид, вчера беше блиску да се радува на првенецот во кралскиот дрес во победата против Осасуна, но ВАР-системот го спречи српскиот голгетер. При резултат од 1-0, избраниците на Зидан се најдоа во ситуација да ги запечатат бодовите на „Сантијаго Бернабеу“, Васкес го проигра Јовиќ, овој ја смести топката во голот, но погодок беше поништен поради недозволена позиција.

За одлуката офсајд нормално асистираше ВАР-собата, а потврдено е колку Јовиќ бил понапред од дефанзивецот на Осасуна. Точно 0.0003 милиметри, невидливи за човечкото око. Помошен судија не би можел да процени дека ова е офсајд, но растојанието е доволно да предизвика бура од негативни коментари на социјалните мрежи.

 

https://twitter.com/DrTahha/status/1176954703386685440?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1176954703386685440&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportske.net%2Fvest%2Fmedjunarodni-fudbal%2Fprimera-neverovatno-luka-zbog-0-0003-milimetra-ostao-bez-gola-brazilci-spasili-zizua-388282.html

https://www.youtube.com/watch?v=zatxpMXW4Sw

- Оглас -

Најнови вести