Интер со 1:0 го победи Јувентус во Дербито на Италија и покажа дека е прв фаворит за титулата во Серија А. Нераѕурите сега имаат 57 бода од 22 меча, а Јувентус остана на 53 бода од 23 средби.
Едноставно, Интер одлично ја започна 2024 година и го освои Суперкупот на Италија, а во првенството нижи три бода од секој меч. Вкупно во шест дуели кои ги имаат одиграно во оваа година, Интер има перфектен биланс од шест победи (четири во првенството и две во Суперкупот).
Интер ваков старт на една календарска година имал само двапати клупската историја. Шест победи во првите шест меча од годината имал во 2007 година и во 1943 година.