Само во овој месец Коби со хеликоптерот летал 42 пати, а имаше објаснување зошто толку често лета

Хеликоптерот кој го нарекувале „Мамба коптер“ бил едно од најкористените превозни средства од страна на Коби Брајант. Според податоците од воздухопловството, Брајант со својот хеликоптер само во јануари се возел дури 42 пати. Најголем дел од тие возења биле на пократки локални релации.

Брајант го години беше научен да го коисти хеликоптерот како превозно средство, а тоа најмногу му помагало да го избегне сообраќајниот метеж во Лос Анџелес. Коби имаше и објаснување дека на тој начин го штити своето тело од нов замор.

„Тоа е само уште една алатка за тоа како да го одржувам моето тело. Тоа е како кога одам во теретана или на масажа. Во текот на кариерата ги кршев прстите на рацете, колената ми станаа многу чувствителни, грбот често знае да ме боли, а да не ја спомнувам хроничната нервоза која ја трпам поради стресот. Поради сите овие наведени работи, едноставно не можам да се качам во автомобил и два часа да заглавам во сообраќајниот метеж во ЛА“, велеше Брајант.

И во текот на кариерата, Коби често знаеше на мечевите на домашен терен во „Стејплс центарот“ да доаѓа со хеликоптер, а потоа со него и да си оди во својата резиденција, која е недалеку од округот Оринџ.

Синоќешниот лет на Коби, неговата 13-годишна ќерка и уште седуммина се покажа кобен.

 

- Оглас -

Најнови вести