Обложувалниците Sport Life во својот Специјал посветен на учеството на македонската репрезентација на ракометното СП на сите играчи и прогнозери им овозможува огромен број игри какви што нема на ниту едно друго место.
Веќе информиравме за разните квоти кои може да ги сретнете поврзани со пласманот на македонската репрезентација, можете да се обложите од тоа дека нема да ја минеме групата до освојување на титула.
Што се однесува до утрешниот меч со Шведска, според квотите, Швеѓаните се фаворити. Ако сметате дека Македонија ќе победи, коефициентот е 4.10, а за двојна шанса Х2 квотата е 3.00, додека кецот на Шведска 1.32. Ви се нудат и конечен тип по прво полувреме, полувреме-крај, двојна шанса, основен хендикеп, хендикепи на кои може да погодите со колкава разлика ќе заврши средбата и хендикеп на полувреме.
Ако сте мераклии да типувате на голови, тука е Специјалот на Sport Life. Може да типувате на вкупно голови на мечот, голови во прво полувреме, и индивидуален тотал за бројот на голови за секој од двата тима. Границата е поставена на 52,5 гола, а ако верувате дека Македонија ќе даде повеќе или до 24 гола, квотите се примамливи.
Египет (1.85) е фаворит за освојување на првото место во групата, пред Шведска (2.40) и Македонија (6.00), а квотата дека ќе бидеме светски прваци е 222. Може да типувате и на пласман на Црвено-жолтите во финале, полуфинале, четвртфинале, топ 3 или дека ќе бидеме елиминирани во некоја од овие фази.
Има игра и за учинокот на Македонија во првата групна фаза. Може да погодите точен број бодови кои ќе ги освојат избраниците на Данило Брестовац, значи од 0 до 6, изборот е ваш.
Тука е и тимската статистика за групната фаза, со број на голови, исклучувања, голови од пенал, број на одбрани на голманите. Доколку верувате дека може да погодите колку голови во групата или на целото првенство ќе дадат Лазаров, Стоилов, Талески, Кузмановски или Пешевски, Sport Life ви нуди да се обложите и на таа варијанта.
Навистина неверојатно богата понуда од игри, ваше е да уплатите тикет и да навивате за Македонија.