Самоуништување – Херта решила да испадне, го загуби првиот бараж-меч со Хамбургер

Поранешниот кадет во позната фудбалска Академија на Барселона, Лудовит Рејс, е вистински јунак на Хамбургер и со неговиот гол во 57-мата минута ХСВ ја победи Херта во Берлин, во првиот бараж од двомечот за настап во Бундеслигата.

Гостите беа подобри, иако во баражот што одлучува за последниот билет во Бундеслигата влегоа како аутсајдери и второлигаши против Херта.

Сега на шесткратниот германски првак и петти најтрофеен клуб во земјата му е доволен и нерешен резултат во реваншот во Хамбург за да се врати во елитното друштво.

Херта е пред испаѓање, а за тимот од Берлин катастрофалното сценарио почна во финишот на сезоната, кога им требаше само еден бод на последните два меча за да обезбедат опстанок во Бундеслигата.

Најпрво загубија од Мајнц на домашен терен, а потоа и од Борусија во Дортмунд, двапати со по 1:2 и се најдоа во баражот, а сега се во многу незавидна ситуација и ќе патуваат со негатива од 0:1 на реваншот во Хамбург што ќе се игра на 23 мај.

 

- Оглас -

Најнови вести