Сампаоли доби отказ од Рен само по два и пол месеца на клупата

Хорхе Сампаоли, ексцентричниот аргентински тренер, доби отказ во Рен само по два и пол месеца откако потпиша договор со францускиот клуб. Тој не успеа да го подигне тимот по доаѓањето во Рен, па раководството многу брзо му се заблагодари за услугите.


Сампаоли во минатото ги водеше репрезентациите на Аргентина и Чиле.


Во последните седум години Аргентинецот сепак смени дури шест клуба. Тој беше на кормилото на Сантос, Атлетико Минеро, Олимпик Марсеј, Севиља, Фламенго и на Рен. Сега повторно ќе бара нов предизвик.

- Оглас -

Најнови вести