Сампаоли изненади со одлуката за тоа каде ќе биде тренер во следниот период

Аргентинскиот стратег Хорхе Сампаоли кој неодамна доби отказ поради слабите резултати во тимот на Севилја, брзо најде нов ангажман. Сампаоли реши да замине од Европа и го прифати предизвикот да биде тренер на бразилскиот Фламенго. Потпиша договор кој го обврзува да работи во овој клуб до крајот на 2024 година.

За Сампаоли ова ќе биде враќање во бразилското првенство по три години, затоа што во 2020 година работеше во екипата на Атлетико Минеиро, а една сезона претходно беше на чело на Сантос.

Фламенго ќе биде 15-ти клуб во тренерската кариера на Сампаоли, кој има работено во Шпанија, Франција, Чиле, Еквадор, Аргентина, Бразил и Перу. Два пати имаше и селекторски функции. од 2012 до 2016 година со голем успех ја предводеше репрезентацијата на Чиле, а во 2017 и 2018 година беше на чело на Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести