Аргентинскиот стручњак Хорхе Сампаоли е нов тренер на еден од најдобрите бразилски тимови, Фламенго, а Сампаоли со црвено-црниот дрес на гигантот од Рио, на аеродромот позираше со очила за сонце.
„Се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата кои клубот ги има од мене. Ќе видам со што располагаме, а потоа ќе се фатиме за работа која сигурно ќе даде резултат“ изјави 63-годишниот Сампаоли кој во минатото има работено во два други бразилски клубови, Сантош и Атлетико Минеиро.
Фламенго во бразилското првенство тргна со победа од 3-0.