Поранешниот селектор на Аргентина и Чиле, Хорхе Сампаоли, во скандалозна изјава го критикуваше фудбалерот на ПСЖ, Осман Дембеле. Аргентинецот очигледно не е фан на игрите на крилото на ПСЖ.
„Дембеле игра како да има аутизам. Сам ја започнува акцијата и сам ја завршува. Тој нема способност да ги натера соиграчите да блескаат, тој знае да игра само за себе. Сличен е и Мбапе“, вели Сампаоли.
Барселона за Дембеле ѝ плати 135 милиони евра на Борусија Дортмунд, но откако не ги исполни очекувањата на Каталонците, беше продаден на ПСЖ за 50 милиони евра. Во Париз игра одлично и важи за еден од најдобрите фудбалери во светот на својата позиција. Познат е по својата брзина и играта еден на еден.