Екипата на Сан Антонио спарс се пласираше во финалето на НБА купот, откако славеа над Оклахома сити тандерс со 111:109. Овој триумф на Сан Антонио може да се смета како еден вид на изненадување, затоа што Оклахома е екипата која сезонава доминира, a ова беше нивни само втор пораз во 26 натпревари.
Оклахома беше подобар тим во првото полувреме и во повеќе ситуации имаше дури 11 поени предност, но на одмор заминаа само со три поени позитива (49:46). Во второто полувреме беше возбудливо. Двата тима се менуваа во водство, но ниеднаш предноста не беше повеќе од шест поени.
Во финишот, Оклахома водеше со 101:100, кога Сан Антонио направи мини-серија од 5:0, која се покажа како клучна затоа што гостите ја сочуваа предноста до крајот и на славеа против фаворитот.
Тимската игра беше клучот за победата на Сан Антонио. Дури четворица играчи имаа повеќе од 20 поени. Васел со 23 поени беше прв стрелец кај победничкиот тим, а по 22 поени постигнаа дури тројца играчи и тоа Кастл, Фокс и Вембањама.
Кај Оклахома најдобар поентер беше Шеј Гилџес-Александер со 29 поени, додека Холмгрен и Вилијамс додаоа по 17 поени.
Во финалето на НБА купот, Сан Антонио ќе игра против Њујорк кој на крилјата на Џален Брунсон (40 поени, осум скока и четири асистенции) го победи Орландо со 132:120.

