Офанзивецот на Манчестер јунајтед, Алексис Санчес, заработи повреда во текот на вчерашниот тренинг, што го онеспособува да конкурира за настап во утрешното гостување кај Саутхемптон. Иако засега не е утврдено колку ќе трае паузата на Чилеанецот, Мурињо посочи дека според негово искуство не очекува да го види на терените пред новата година, што значи дека се работи за посериозно оштетување на препоните.
„Според моето искуство, толку силниот врисок и начинот на кој се повреди го очекува долго закрепнување. Не станува збор за лесна повреда на мускул која може да се надмине за десетина дена, за тоа е свесен е и самиот Алексис. Очекувам да се врати на терените дури по шест недели“, истакна Мурињо.
Натпреварот помеѓу Саутхемптон и Манчестер јунајтед се игра утре, со почеток од 18:30 часот, во рамките од 14-тото коло во Премиер лигата.