-2.2 C
Skopje
вторник, 3 февруари 2026

Сандерленд е хит на Премиер лигата, а Барнли кандидат за враќање во Чемпионшип

Минатата сезона водеа биткa во Чемпионшип. Сандерленд сега е хит во Премиер лигата, додека Барнли најверојатно ќе се врати таму од каде дојде.

Црните мачки славеа на домашен терен со 3-0 во 24-тото коло на Премиер лигата, додека нивниот ривал е „закован“ за претпоследното 19-то место со 15 бода.

Домаќинот вечерва доминираше на теренот, а одлуката ја донесе сенегалскиот играч за врска Хабиб Дијара, кој очигледно беше мотивиран по освојувањето на Африканскиот куп на нации со својата репрезентација.

Во деветтата минута, по додавање од Броби, Дијара влезе во казнениот простор од десната страна, шутираше од околу 12 метри, топката го погоди стоперот на гостите Таунзебе и заврши во мрежата, за 1-0.

Во 32-та минута, Мукиеле проби по десната страна и додаде до Дијара, кој од 10 метри погоди за 2-0.

Овој резултат се одржуваше до 72-та минута, кога младиот Мароканец Талби постигна вистински гол-убавец за конечни 3-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести