20.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Сандерленд го претстави Гранит Џака како големо засилување

Новопромовираниот премиерлигаш Сандерленд го ангажира швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака.

Искусниот играч за врска потпиша тригодишен договор, а Сандерленд ќе му плати на Баер Леверкузен 15 милиони евра, плус уште 5 милиони во форма на бонуси.

Џака се враќа во Премиер лигата по двегодишна пауза, откако со Баер Леверкузен освои и титула и Куп на Германија.
Пред германската авантура, тој беше клучен играч на Арсенал во период од седум и пол години.

Фудбалскиот пат на Џака започна во швајцарски Базел, а настапуваше и за Борусија Менхенгладбах во Бундеслигата.

Гранит Џака во Сандерленд ќе го носи својот омилен број „34“.

- Оглас -

Најнови вести