Сандерленд со гол во 95-та минута обезбеди пласман во Премиер лигата

Сандерленд со пресврт го победи Шефилд јунајтед на баражот на „Вембли“ со 2-1 и се пласираше во Премиер лигата.

Голот вреден многу пари кои ги носи играњето во најсилната лига на светот, падна во 95-та минута, а Сандерленд изедначи на 1-1 во 76-та минута.

Јунак беше резервата Том Вотсон кој го немаше на списокот на Сандерленд во печатената програма по повод мечот. Но, влезе во игра во 73-та минута и после тоа неговиот тим направи пресврт. За Вотсон ова беше последен меч во дресот на Сандерленд, тој следната сезона ќе игра за Брајтон.

- Оглас -

Најнови вести