Сане ќе добива вистинско богатство во Галатасарај, турскиот гигант подготвува нова „бомба“

Вистинска навивачка лудница беше денеска во Истанбул, каде што Галатасарај го престави Лерој Сане. Досегашниот фудбалер на Баерн Минхен реши да си замине од германскиот гигант, и тоа како слободен играч, за да потпише со турскиот првак.

За тоа каква еуфорија владееше во Истанбул, покажува и фактот дека дури 1,5 милиони луѓе го следеле неговиот лет кон Истанбул. Сане во Галатасарај потпиша тригодишен договор, а ќе заработува вистинско богатство, односно вкупно 36 милиони евра. Тоа значи дека Сане годишно ќе добива по 12 милиони евра по сезона.

Интересно е дека во Галатасарај веќе се зборува за ново големо засилување. Се работи за голманот кој го доби приматот за најдобар во светот во изборот на ФИФА, Емилијано Мартинес.

Аргентинскиот голман имаше одлична сезона и во Астон вила. Најавите се дека Мартинес се согласил да направи трансфер во Галатасарај, само сега е потребна потврда и од англискиот премиерлигаш.

- Оглас -

Најнови вести