Сане му откажа на Баерн Минхен за да потпише со турскиот гигант

Германскиот репрезентативц Лерој Сане го напушта Баерн Минхен, објави Флоријан Плетенберг. Искусниот 29-годишен играч реши да не го продолжи договорот со германскиот првак и на крајот од овој месец ќе биде слободен играч.

Најавено е дека Сане може воопшто да не патува во САД, каде што Баерн Минхен за неколку дена го започнува настапот на Светското клупско првенство.

Сане сега е фокусиран да најде нов клуб, а веќе е во напредни преговори со челниците на турскиот гигант Галатасарај.

Турскиот првак сака квалитетен и искусен фудбалер во пресрет на новата сезона. Сане во Галатасарај би добивал многу поголема плата од та што му ја нудеше Баерн Минхен.

Се очекува договорот да биде потпишан на три сезони, а Сане годишно да добива меѓу 10 и 12 милиони евра. Сане во Баерн игра од 2020 година и вкупно одигра 220 натпревари, во кои постигна 61 гол. Претходно има играно и во Манчестер сити, а кариерата ја започна во Шалке 04. Сане има и 70 настапи за германската репрезентација, а во дресот на националниот тим има постигнато 14 гола.

 

- Оглас -

Најнови вести