Сане во Баерн е завршена работа

Манчестер сити ја загуби битката со Баерн Минхен околу услугите на Лирој Сане. Германецот деновиве ќе биде претставен како нов играч на Баварците, што значи дека на англискиот првак му пропадна планот да ја продолжи соработката со крилниот офанзивец.

Германските медиуми се потпираат на информации кои излегле од блискиот круг на Сане, и тврдат дека трансферот е завршена работа. Двата клуба моментално ја договараат сумата на трансферот, а би требало да изнесува од 80 до 100 милиони евра. Сане ќе има енормни примања во редовите на Баерн, предвидена му е годишна плата од околу 15 милиони евра.

Оваа трансфер сага се појави уште пред стартот на летниот преоден рок, а по долги преговори меѓу кои имаше и демантирања од двете страни, се чини дека паднал договор. Сане до крајот на наредната недела ќе го облече дресот на германскиот првак.

- Оглас -

Најнови вести