Санта Клара и Шкупи ќе се изнапатуваат за меѓусебниот двомеч од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, а патот од Азорските острови во Португалија со Скопје и обратно е околу 9.000 километри.
Играчите на португалскиот тим први ќе ја почнат долгата авантура, а патуваат утре и тоа прво до Лисабон, па оттаму за главниот град на Македонија.
Во два правци двете екипи ќе мора да минат околу 18.000 километри, или по 11 часа лет во еден правец. Азорските Острови се една од најдалечните дестинации за македонските тимови во еврокуповите.
Првиот дуел меѓу Шкупи и Санта Клара ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ на 22. јули од 20 часот. Реваншот е во Португалија за 7 дена, на 29. јули од 22 часот на стадионот „Сао Мигуел“ во Понта Делгада.
На денешната ждрепка на УЕФА за третото квалификациско коло, Шкупи, или Санта Клара го добија и следниот ривал, а победникот од двомечот меѓу Олимпија Љубљана и Биркиркара од Малта ќе им биде противник за настап во плејофот.