„Сантијаго Бернабеу“ може да биде домаќин на дуелот на којшто ќе играат Меси против Јамал

Само уште 20 дена остануваат до дуелот меѓу Шпанија и Аргентина и евентуалната прва средба меѓу Лионел Меси и Ламин Јамал на теренот. Се работи за дуелот наречен Финалисима, а на којшто играат актуелниот светски првак против актуелниот европски владетел.

Аргентина, како носител на светската круна предводена од Меси, треба да се соочи со Шпанија, која во својот тим го има Јамал, најдобриот млад фудбалер од кого се очекува да доминира во следните годините. Овој меч е закажан да се игра во Катар, но поради безбедносната ситуација во тој регион и фактот дека нема целосна сигурност, ФИФА размислува Финалисима да се игра на некое друго место.

Шпанскиот весник „Марка“ најавува дека најсериозна опција за играње на овој меч е во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Стадионот на којшто е домаќин Реал Мадрид е најмодерниот во Европа, но во тој случај Шпанија би играла на домашен терен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madrid Zone (@themadridzone_)

Ако тоа се случи, домот на Реал Мадрид ќе биде домаќин на првата фудбалска пресметка меѓу најдобриот фудбалер на Барселона на сите времиња и играчот кој е иднината на каталонскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести