„Сантијаго Бернабеу“ се поклони на легендата: Величествено простување на двократниот европски првак и некогашен светски шампион

Реал Мадрид без многу проблеми со 4:2 ја победи Севилја со 4:2, а овој меч ќе се памти и по тоа дека беше последен во кариерата на легендарниот Хесус Навас од Севилја.

Навас кој има 39 години реши да замине во фудбалска пензија со завршување на 2024 година, а ова беше последен натпревар за Севилја оваа година. Од Реал Мадрид му приредија заминување како што заслужува една легенда, па на семафорот на „Сантијаго Бернабеу“ пишуваше „Честитаме Хесус Навас, имавте инзвонредна кариера“.

Лука Модриќ на Навас му подари дрес од Реал Мадрид со потпис од сите играчи. Фудбалерите на двата тима му направија и шпалир на Навас.

Цели 20 години траеше кариерата на Навас кој одигра вкупно 882 меча, од кои дури 704 како фудбалер на Севилја. Освен во Севилја, четири години има поминато и во Манчестер сити во Англија.

Како фудбалер на Севилја, Навас се радуваше на четири титули во Лигата на Европа, потоа еден Суперкуп на Европа, два трофеи во Купот на Шпанија и еден Суперкуп на Шпанија. Со Сити беше првак на Англија во 2014 година, а освои и два Лига купа.

Навас одигра 56 натпревари за репрезентацијата на Шпанија со која беше светски првак во 2010 година, а има европски титули на репрезентативно ниво и тоа од шампионатите во 2012 и 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести