Килијан Мбапе и понатаму молчи околу тоа каде ќе игра следната сезона. Францускиот репрезентативец има договор со Пари Сен Жермен, кој му истекува на крајот од оваа сезона и ќе биде слободен играч.
Францускиот првак нема проблем околу парите и може да му понуди на Мбапе најмногу, но веројатно е дека голгетерот сам посака да ја смени средината. Реал Мадрид е прва опција за напаѓачот, кој пред два дена беше забележан во Мадрид. Се шпекулира дека тоа било посета на Реал за да се договорат условите околу договорот со Кралскиот клуб.
Сепак, додека нема ништо официјално, сите опции се отворени, па затоа во игра се вклучи и трет клуб. Според францускиот весник „Л’ Екип“, трет клуб се има вмешано во трка за потпист на Мбапе. Се работи за англискиот гигант Ливерпул.
Најавите се дека Ливерпул е можно да се откаже од Садио Мане, дури и од Мохамед Салах, за да го доведе Мбапе на „Енфилд роуд“. Мбапе за наполн месец ќе биде слободен играч и едноставно клубот кој ќе даде најдобра понуда ќе може да го добие и тоа без да плати никаква оштета.