Македонија Ѓорче Петров одигра 3-3 во пријателски меч против Сараево. Овој контролен дуел се одигра во хрватскиот Умаг.
Македонскиот тим поведе со гол на Балотели, потоа Сараево направи пресврт и поведе со 3-1, а во последните 20-тина минути Павишиќ и Фазли постигнаа голови и ги спасија Лавовите од пораз.
Пред натпреварот, од Сараево му подарија дрес на Крсте Велкоски. Со ова босанскиот клуб покажа дека не ја заборавиле нивната легенда и екскапитен. Велкоски за Сараево играше од 2014 до 2016, па од 2017 до 2022 година. Со Сараево освои три титули во БиХ, даде над 50 гола, а во вториот мандат ја носеше и капитенската лента.