Маурисио Сари еуфорично ја прослави победата на Лацио против Рома со 3:2, откако во дербито „Дела капитале“ на вечните ривали успеа да го надмудри Жозе Мурињо.
Тренерот на лацијалите го надитри Португалецот и успеа да најде тактика за победа во многу возбудлив меч.
Прославата беше со навивачите на Лацио, но и со познатиот симбол на клубот, живиот орел, кој слета на раката на Сари по завршувањето на мечот.
https://twitter.com/btsportfootball/status/1442189053479120900?s=20
Сари се радуваше на победа по головите на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, на Педро и на Фелипе Андерсон, а за Рома стрелци беа Роџер Ибањез и Жордан Верету.