Лацио ја победи Рома во најефикасното дерби на Рим во последните пет години

Лацио ја победи Рома во 155-то дерби на Рим со 3:2 и ја продолжи серијата без пораз во Калчото. Шпанецот Педро приреди подвиг со гол во 19. минута за Лацио и стана само вториот фудбалер во историјата што дал гол за двата големи ривали од Рим во иста година.

На таков подвиг се чекаше дури 63. години, а интересно е што и двајцата фудбалери се странци. Пред Педро таков подвиг приреди Швеѓанецот Селмонсон во 1958 година.

Само уште Александар Коларов во историјата на двата клуба бил стрелец и за Рома и за Лацио, но тој постигнуваше голови во различни години.

Пред голот на Педро во 10. минута погоди Сергеј Милинковиќ-Савиќ, па по прецизниот удар на Шпанецот во 19. минута, Лацио веќе водеше со 2:0.

Ибањез намали на 2:1 во финишот на првиот дел, а потоа Фелипе Андерсон пак ја врати разликата од два гола за Лацијалите. Рома постигна и втор гол, стрелец беше Верету во 69. минута, но не успеа до крајот да се спаси од пораз.

Рома со 12 бода по шест кола е на четвртото место, а Лацио сега е на шестата позиција со 11 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести