Сари: Гледам стари натпревари од Милан на Саки, тие беа 20 години понапред од останатите

Маурицио Сари го користи времето во изолација да ја надоградува својата филозофија, а инспирација црпи од натпреварите на Милан во периодот кога ги предводеше великанот Ариго Саки.

„Јас сум сконцентриран на задачите кои нè очекуваат кога ќе се вратиме на активностите. Ќе треба добро да се подготвиме бидејќи досега не сме се сретнале со ваков предизвик. Седењето дома ми овозможува да прегледувам стари натпревари од Милан на Саки, можам само да кажам дека тие беа толку добри што ми се чини дека начинот на кој играа фудбал беше 20 години понапред од останатите“, истакна Сари.

Предводникот на Старата дама исто така истакна дека сака да чита криминалистички романи, а љубовта кон книгата му се вродила уште од школските денови.

 

- Оглас -

Најнови вести