Сари крева раце од титулата

После неочекуваниот пораз од Лестер од 0:1, Челзи се најде на 11 бода минус во однос на првопласираниот Ливерпул, па тренерот Маурицио Сари изјави дека неговиот тим нема шанса да ја освои премиерлигашката титула.

Италијанскиот стручњак крена бело знаме во знак на предавање, и мисли дека веќе не е можно да го загрозат тимот на Јирген Клоп, па дури ниту Манчестер сити, кој им бега седум бода.

„Уште на почетокот на сезонава, беше невозможно да освоиме титула. Не можеме да ги стигнеме Ливерпул и Манчестер сити. Треба да бидеме внимателни, и да се држиме на првите четири позиции“ – вели Сари.

Челзи ќе има проблем да биде четврти, бидејќи во врат му дише лондонскиот ривал Арсенал со кого имаат ист број бодови, а нешто пред нив е третиот Тотенхем.

„Ме загрижуваат резултатите на мечевите на кои сме фаворити. Не е проблем да губите од аутсајдер со 0-1, проблем е ако не реагирате соодветно после таа негатива. Имавме многу време да дадеме два гола против Лестер после примениот гол, но тоа не се случи. Делувавме шокирано и конфузно, наместо да продолжиме како пред голот“ – критикуваше Сари.

 

- Оглас -

Најнови вести