Поранешниот српски репрезентативец Немања Матиќ (37) како слободен играч потпиша договор со Сасуоло до 30 јуни 2026 година, со можност за продолжување на уште една сезона под одредени услови.
„Од името на целото црно-зелено семејство, му посакуваме добре дојде на Немања!“, стои во соопштението на клубот.
Матиќ веќе има искуство во италијанскиот фудбал откако ги бранеше боите на Рома во сезоната 2022/23. Последниот негов клуб беше Лион, каде што пристигна во јануари минатата година од Рен. Претходно во кариерата остави силен белег во Премиер лигата, во Челзи и во Манчестер јунајтед.
Nemanja Matić è neroverde! 🖤💚#ForzaSasol pic.twitter.com/zHJRM4ddRr
— U.S. Sassuolo (@SassuoloUS) August 26, 2025