33.8 C
Skopje
среда, 13 август 2025

Саудијците му понудиле 100 милиони евра на Левандовски, можно е да замине уште ова лето

Ѕвездата на Барселона, Роберт Левандовски, можно е да направи голем трансфер и да го напушти клубот ова лето откако доби понуда вредна 50 милиони евра по сезона.

Полјакот, кој на почетокот на овој месец наполни 37 години, има договор со Барселона до следното лето, а во тимот пристигна од Баерн Минхен во 2022 година.

И покрај годините, Левандовски минатата сезона одигра одлично за Каталонците, постигнувајќи 42 гола на 52 натпревари во сите конкуренции.

„Тоа не е проблем за мене, останувам и следната сезона. Во моментов мислам само на Барселона. Верувам дека нашиот тим ќе биде уште посилен. Физички се чувствувам одлично, телото ми е како да имам 30 години. На крајот, го правам она што срцето и умот ми го кажуваат“, изјави неодамна Левандовски за „Билд“.

Сепак, ситуацијата се смени. Иднината на Левандовски во Барселона повеќе не изгледа сигурна поради примамлива понуда од Саудиска Арабија.

Според шпанскиот „Ел Насионал“, тој добил двегодишен договор вреден 100 милиони евра, плус дополнителни бенефиции за него и за неговото семејство. Името на клубот не е откриено, но јасно е дека Флик е загрижен.

- Оглас -

Најнови вести