Саудијците упатија голема провокација до ПСЖ и покажаа кој ја има финансиската моќ

По пет години поминати во дресот на Манчестер сити, Ријад Марез реши дека е време да ја смени средината. Речиси беше дефинирано дека алжирскиот репрезентативец ќе направи трансфер во Пари Сен Жермен, но на крајот се случи пресврт.

Тимот на Ал-Ахли од Саудиска Арабија покажа многу поголема финансиска моќ од ПСЖ, па Марез на крајот наместо во Париз, заврши во Ријад.

Од Ал-Ахли со промотивен видеоклип го објавија трансферот на Марез, кој ќе остане во Саудиска Арабија до 2027 година. На видеото се гледа како знак на кој го пишува патот кон Париз, а потоа ја има и Ајфеловата кула. На крајот, наместо Париз, Марез се појавува во дрес на Ал-Ахли, што многумина го протолкуваа како провокација кон европскиот моќник.

https://twitter.com/i/status/1684889963593400320

- Оглас -

Најнови вести