Саудиска Арабија е „ветена земја“ и за Обамејанг

Напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг официјално направи трансфер во саудискиот клуб Ал-Кадсија.

Клубот од Блискиот Исток го привлече 35-годишниот напаѓач од Олимпик Марсеј, при што ќе плати околу 10 милиони евра за неговите услуги.

Обамејанг ќе заработува по 20 милиони евра по сезона во новиот клуб.

Габонскиот репрезентативец минатата сезона одигра одлично во дресот на Олимпик Марсеј и постигна 30 гола во сите натпреварувања. Францускиот клуб го доведе Мејсон Гринвуд од Манчестер Јјнајтед како негова замена.

 

- Оглас -

Најнови вести