Џејдон Санчо, новата ѕвезда на Манчестер јунајтед, ќе се пресели на клупата за резерви, а на негово место ќе игра Бакајо Сака на дуелот против Данска вечерва од 21 часот во второто полуфинале на Европското првенство.
Сака беше повреден, па на негово место против Украина играше Санчо, а Гордиот Албион функционираше одлично и победи во четвртфиналето со 4:0.
Сепак, според најавите од Англија, Герет Саутгејт е поблиску до одлука Сака да биде стартер на местото на Санчо. Играчот на Арсенал се повреди на дербито против Германија во осминафиналето и потоа не играше против Украинците.
Сега е фит и веројатно само тој ќе биде измената од составот на Англија што ја декласира Украина со 4:0.
Џордан Пикфорд, кој досега не прими ниту еден гол на ЕП, ќе ја чува мрежата на Гордиот Албион, во одбраната стандардно ќе почнат Вокер, Стоунс, Мегваер и Шо, Филипс и Рајс ќе бидат дефанзивните играчи за врска, а Сака, Маунт и Стерлинг ќе бидат офанзивците што ќе треба да го „ранат“ со топки шпицот на Англија, Хари Кејн.