Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Гарет Саутгејт, на денешната прес-конференција изјави дека Македонија не е Малта која ја совладаа со 4:0 и дека неговите фудбалери ги очекува потежок предизвик.
Англија утре на „Олд трафорд“ ќе игра против Македонија во рамки на квалификациите за пласман на ЕП 2024 кое ќе се игра во Германија. Англичаните славеа на трите меча досега, додека Македонија има учинок од една победа над Малта (2:1) и пораз од Украина (2:3) иако по првиот дел, имавме водство од 2:0.
„Ја видовме Македонија со Украина како одигра еден час, имаат неколку играчи кои се одлични индивидуалци со извонредни индивидуални квалитети, кои играат во големи европски клубови, но пред сѐ, Македонија е тим кој функционира добро. Македонија е селекција која има педигре од минатите квалификации, играа со Португалија во финалето од баражот за пласман на СП, и не очекува меч со многу поголем интензитет од тој што го имавме во петокот. Сакаме тука да одиграме добар меч и да ги израдуваме навивачите. Не доаѓаме многу често на северот од Англија, па затоа ќе се потрудиме да им пружиме емоции и радост бидејќи знаеме каква е тука атмосферата. Целта е да играме добро и навивачите да бидат задоволни. Секако, Македонија ќе сака добро да одигра затоа ќе мора да сме внимателни“, изјави Саутгејт.