Репрезентацијата на Англија уште сонува да го освои првиот трофеј на Европско првенство. Оваа селекција пред три години загуби во финалето од Италија, а сега е на чекор од повторување на тој успех, односно пласман во финалето. Холандија е препреката која треба да ја помине Гордиот Албион за да се пласира во финалето на ЕП, каде што веќе место има обезбедено Шпанија.
„Многу сум среќен бидејќи располагам со една група на толку добри фудбалери. Работиме како тим и тоа секогаш сме го правеле. Секогаш се стремиме да напредуваме во секој поглед. Начинот на којшто овие 26-мина фудбалери тренираа и се однесуваа во изминативе неколку недели е фантастичен“, вели Саутгејт, кој потенцираше дека на турнирот досега шанса им дал дури на 21 фудбалер.
Селекторот на Англија добива многу критики поради начинот на којшто игра на овој турнир, но тој досега носи резултати. Саутгејт вели дека неговите фудбалери не се плашат од никого на теренот.
„Една од силните наши страни во изминативе неколку години е дека не се плашиме од никого. Имаме и одлична помош од фановите на трибините. Тоа е посебен мотив за фудбалерите“, додава Саутгејт пред мечот со Холандија.