Менаџерот на Саутемптон, Расел Мартин, ги коментираше информациите дека Манчестер јунајтед е заинтересиран за потписот на 18-годишниот Тајлер Диблинг. Медиумите во Англија шпекулираат дека Црвените ѓаволи се подготвени да платат 21 милиони фунти за Диблинг.
„И јас слушнав гласини дека Манчестер јунајтед е подготвен да испрати понуда вредна 21 милион фунти за Тајлер. Не сум сигурен дали за таа сума можат да ја купат само неговата лева нога“, рече Мартин.
Диблинг со Светците има договор до летото 2027 година.
„Му понудивме нов договор и тоа многу добар, но неговиот агент засега не го прифаќа“, додаде менаџерот Мартин.