Саутхемптон победи во најскапиот фудбалски меч, извади билет за Премиер лигата и лапна 157 милиони евра (Видео)

Фудбалерите на Саутхемтон обезбедија пласман во Премиер лигата откако во финалето на плејофот во Чемпионшип дивизијата го совладаа Лидс со 1:0.

Така Саутхемптон по само една сезона во Чемпионшип, се врати во Премиер лигата, а како награда за победата во најскапиот фудбалски меч, ќе добие најмалку 157 милиони евра, колку што им следуваат на екипите од ТВ правата за најсилната англиска лига.

Единствениот гол на мечот го постигна Адам Армстронг во 24-тата минута.

 

Претходно пласман во Премиер лигата обезбедија Лестер и Ипсвич како две најдобропласирани екипи во Чемпионшип дивизијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести