Капитенот на црногорската фудбалска репрезентација, Стефан Савиќ, пристигна во Трабзон, и беше пречекан како ѕвезда од навивачите на турскиот прволигаш Трабзонспор.
Искусниот Савиќ доаѓа од Атлетико Мадрид каде мина речиси цела деценија и се очекува да биде големо засилување.
Савиќ кој потпиша тригодишен договор, веќе е во Трабзон, но неговите нови соиграчи и тренерот Абдула Авџи не се таму. Трабзонспор утревечер има гостување кај Ружомберок во Словачка во дуел од квалификациите за Лига Европа.