28.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Савовски: „Одиме по сет, но зошто да не направиме изненадување“

За одбојкарската репрезентација на Македонија остануваат уште два меча од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година, каде ќе патуваат најдобрите од секоја група, но и петте најдобри второпласирани.

Целта е во Атина да освоиме барем сет против јужниот сосед, а потоа против Грузија на домашен терен да го потврдиме пласманот на континенталниот собир, што ќе биде четврти по ред на нашите одбојкари.

„Дуелот со Грција е еден од најважните натпревари за нас летово. Одлично ја темпиравме формата, одигравме квалитетни пријателски дуели кои ни покажаа што е добро во нашата игра, а што треба да поправиме и работевме на тоа деновиве. Анализираме, поставуваме тактика и мислам дека во одлична форма влегуваме во утрешниот натпревар. Резултатите од останатите групи се во наша полза, и сега е се во наши раце. Потребен ни е минимум сет против Грција и мислам дека нема да го бараме минимумот, туку ќе одиме на максимум и зошто да не приредиме изненадување во Атина!? Големо е значењето на овој натпревар – пласман на ЕП и сите сме свесни за тоа. Мотивација и инспирација не ни недостасуваат, желбата е голема и може да очекуваме добра игра, па зошто да не и победа. Сите сме здрави, расположени, има убава атмосфера во тимот и верувам дека тоа ќе се преслика и во играта и на натпреварот.“ – вели Филип Савовски.

- Оглас -

Најнови вести