Се ближи крајот на плејофот за Лејкерс, Јанис постеризиран, Детроит ограбен од судиите (Видео)

Екипите на Њујорк никс, Минесота тимбервулфс, Бостон селтикс и Индијана пејсерс водат со по 3-1 во своите серии од НБА-плејофот и се наоѓаат на чекор од пласман во следната фаза.

Никс на контроверзен начин победија во Детрроит со 94-93. Во последата секунда Тим Хардавеј упати шут за три поени и притоа беше фаулиран, но судиите молчеа и не му доделија слободни фрлања, по кои резултатот веројатно ќе беше поинаков.

Минесота предводена од Ентони Едвардс, кој даде 43 поени, од кои 16 во последните 12 минути, со одлична последна четвртина направи пресврт и го совлада ЛА лејкерс со 116-113 и сега Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, кои заедно уфрлија 65 поени, се на прагот на елиминација.

Бостон со 107-98 славеше во Орландо, Џејсон Тејтум беше лидер на Селтикс со 37 поени и 14 скока и тука веројатно приказната ќе заврши на следниот меч.

Индијана со 129-103 победи во Милвоки, а на Бакс им се повреди Демиен Лилард и сега се во многу тешка ситуација. Ѕверското забивање на Мајлс Тарнер преку Јанис Адетокумбо најдобро ја отсликува доминацијата на Пејсерс против Елените.

- Оглас -

Најнови вести