15.8 C
Skopje
понеделник, 29 септември 2025

Се чудат како Лука толку многу трча на 40 години и како наоѓа мотивација

Кога судијата отсвире крај на дербито Милан – Наполи, 40-годишниот Лука Модриќ, кој освоил сè и сешто во кариерата, клекна на колена и бурно ја прославуваше победата на неговиот тим.

Тоа е само една обична лигашка победа за Милан, но на Модриќ многу му значеше, извојувана со играч помалку на теренот во еден голем период од второто полувреме. За Модриќ играњето фудбал е уживање и не му е тешко да го прави тоа што најмногу го сака.

Неговиот соиграч Адриен Рабио изјави дека не знае како Модриќ може толку многу да трча 90 минути знаејќи ја неговата возраст.

„Играњето со Лука е лесно, тој знае да го контролира темпото. Искрено, не знам како може толку многу да трча 90 минути на 40 години. Се гледа дека го сака фудбалот, сака да игра и во напад и во одбрана“, рече Рабио.

- Оглас -

Најнови вести