Чудо се случи по 23 години – Реинкарнација во Бразил на митскиот гол на Роберто Карлос (Видео)

Во Втората лига на Бразил е постигнат феноменален гол кој е реинкарнација на митскиот погодок на Роберто Карлос од мртов агол, еден од највпечатлчивите во историјата на фудбалот.

Стрелец е сонародникот на Карлос, Жаксон, кој игра за второлигашот Сампајо Кореа. И речиси сè е исто, само страните од кои се постигнати двата гола се различни.

Жаксон ноќеска погоди од десната страна, а Карлос во 1998 година како играч на Реал Мадрид ја затресе мрежата на Тенерифе од спротивната лева страна.

Ремек-делото на Роберто Карлос се случи на меч во шпанската Прва лига пред 23 години и е еден од најубавите и најнеобични голови во историјата на фудбалот.

Сега Жаксон приреди реприза и со погодокот ноќеска може комотно да конкурира за наградата „Пушкаш“ што се доделува секоја година на стрелецот на најубавиот погодок.

https://twitter.com/classicshirts/status/1363398147859431428?s=20

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести